16 Февруари, 2026

Открито писмо от Битоля до правителството: Чакаме българските си паспорти, за да бъдем равноправни граждани на Европа

Открито писмо от Битоля до правителството: Чакаме българските си паспорти, за да бъдем равноправни граждани на Европа

Българите, обединени около „Културен център“ в Битоля изпрати Отворено писмо до премиера Бойко Борисов, външния министър Екатерина Захариева и вицепремиера Красимир Каракачанов, в което настояват институциите у нас да отговорят на желанието им да получат възможно по-скоро своите български паспорти, за да могат свободно да пътуват в европейските страни. 

Вижте пълния текст на Отвореното писмо (в оригинал): 

"Открито писмо до правителството на България

Почитуван господине Борисов,
Почитуван господине Каракачанов,
Почитувана г-ѓа Захариева,
Почитувани сонародници од Бугарија

Знаете дека во последниве години повеќе од 100.000 македонски Бугари добија бугарско државјанство, а уште десетици илјади се пријавија за бугарски пасоши. Тука во Битола пред бугарскиот конзулат редици луѓе чекаат. Секој од овие Македонци потоа ке оди лично во Бугарија за да го прогласи својот бугарски идентитет и да достави документи. 
И покрај масовната кампања против овие луѓе во Македонија, тие не се помалку патриоти на својата земја. Тие ја сакаат Македонија дури и повеќе од другите. Тие не се „фашисти“, „Татари“ или кое било малцинство, туку голема заедница на Македонци кои го зачувале својот бугарски идентитет. Нашата јавна сатанизација нè принудува тука да се оправдаме дека бараме бугарски пасоши затоа што сакаме да патуваме во Европа. Ова секако не е точно затоа што дури и со македонски пасош патувате без виза за Европа, а во исто време повеќето македонски Бугари немаат намера да ја напуштат својата татковина Македонија.
Но, денес се соочуваме со огромен проблем во врска со претстојниот попис во северна Македонија. Нам, македонските Бугари, ќе ни биде тешко да ги надминеме стравовите засадени во 1944 година, за да се изразиме слободно и демократски. Децениските фалсификати на нашата историја, врз кои лежи државната доктрина на србо-македонизмот, исклучуваат каков било плурализам за етничко самоизразување меѓу словенското население во нашата татковина. Стереотипите против нас сè уште се во учебниците по историја и овие стереотипи го нарушуваат нашето право на слободно изразување. Така имаме апсурдна ситуација: десетици илјади доаѓаат во Софија за бугарско државјанство. Со своите потписи се декларираат како „Бугари по потекло“, а овде на пописот не се осмелуваат да се запишат како македонски Бугари.

Господине Борисов,
Господине Каракачанов
Г-ѓа Захариева

Во следните недели ќе се одржи нов попис во северна Македонија. Затоа се обраќаме до властите во Бугарија да ни помогнат да добиеме безбедност за оние Македонци кои сакаат мирно и слободно да се регистрираат како „македонски Бугари“. Бараме радикално поедноставување на постапките за добивање бугарско државјанство, што ќе не заштити од притисокот на бугарофобијата. Зарем ова не е точно значењето на бугарското државјанство - да ги заштити нашите права?! Апелираме секој граѓанин на Северна Македонија кој со фотокопија од пополнетиот формулар за време на пописот ќе докаже дека се осмелил да се регистрира како „македонски Бугарин“ да добие по желба бугарско државјанство по скратена постапка. На овој начин, би избегнале да бараме сертификати за потекло, кои раѓаат шпекулации за корупција и кои можат да им ја откријат на локалните служби нашата намера да добијаме бугарско државјанство. Така, бугарската држава ќе ги заштити македонските Бугари кои се изјавиле на пописот.
Како ваши браќа, веруваме дека нашето барање ќе биде разбрано затоа што е во интерес на луѓето од двете страни на границата - границата со која не раздели нашата тешка историја.

Со почит
Културен центар Иван Михаилов
Битола
Сподели:

Коментари (0)

„Да, България“ сезира прокуратурата заради поредната авария в Шести блок на АЕЦ „Козлодуй“

„Да, България“ сезира прокуратурата заради поредната авария в Шести блок на АЕЦ „Козлодуй“

Сигналът е базиран на публично-достъпна информация за настъпили събития и извършени спирания на блок 6 поради дефекти в мембранни защитни устройства

Деян Илиев, който намери тримата загинали в х. Петрохан, е отпътувал за Мексико

Деян Илиев, който намери тримата загинали в х. Петрохан, е отпътувал за Мексико

Твърди се, че получил съобщение от Калушев, което гласяло: "Сбогом приятелю, ние много се уморихме и нямаме повече сили", както и заръка да се върне обратно в Мексико

ГДБОП по следите на „Копейкин“: МВР издирва кой стои зад сатиричната страница

ГДБОП по следите на „Копейкин“: МВР издирва кой стои зад сатиричната страница

След сигнал на „Възраждане“ за стъпкано руско знаме, полицията влезе в ролята на дигитален детектив срещу критиците на властта