Голямото завръщане на Младен Сърбиновски – за споделената вина

Авторът

Авторът

   

Вместо увод

„Дилбер Младене, немтур Младене – си жив бре?!” Така ми се искаше до вчера да възкликна, подобно на героя от „Мера според мера”, ако отнякъде се появи духът на набора и приятеля ми Младен Сърбиновски. Не съм го виждал от 2016-а, не съм го чувал отпреди коронавируса. За последно общувах с негов текст в края на 2020 година – тогава във faktor.bg излезе в оригиналния си вид полемичният му труд „Атанас Вангелов го „утепа” Димитар Пешев”. 
Но по Божик, Коледа на македонски, стана чудо. Мъртъв беше и оживя, изгубен беше и се намери. Сърдеше се на България – отсърди се. Не пишеше – прописа. Младен е талантлив човек, на македонски – гениалец. На гениалците трябва да се прощава. Текстът, който ви предстои да прочетете, е личният катарзис на Сърбиновски, част от колективния от двата края на Осогово. Написан е през юни 2022-ра, когато в Скопие вървяха протестите срещу нашето вето за ЕС, срещу самия ЕС и един Бог знае още срещу какво. Текстът е одбиен, отхвърлен демек, от явно консервативния македонски портал „Либертас”. Преди 2 години одбиените текстове на Младен надвишаваха 80, сигурно вече надминават стотачката. 20-те страници за македонизма и върховизма стигат до вас благодарение на проф. Пламен Павлов. Ще ги прочетете отново в оригинал, само преписани от сръбска на българска пишеща машина, както иска авторът.

Този бисер на Младеновата публицистика изобщо не е остарял, придобил е една благородна патина. Ветото падна, Северна Македония почва поне 10-годишно ходене по мъките към заветната „уния”, а България е на ход с неподписания договор за охлаждане на жежката емоционална температура между двете страни, смята Сърбиновски. Сетне доуточнява, че емоционалната преграда с България е от 1944-а, а държавната – от 1878-а. Според него „България не позволи да стане акустичен резонатор, който да разруши „Берлинската” стена между нас. Българите помагат, кумуват на македонизма с техния върховизъм. Искат панихиди, не катарзисни помирения. Искат безсрамно да дърдорят над гробове по Македония.” И още – ние, според Младен, сме с „дюстабанлийски” умове.
Силни думи, ако ги прочетеш буквално – направо обидни. Но ако ги съчетаем с друго заключение на гениалеца от Вруток – че времето не работи нито за македонизма, нито за върховизма, май не звучат толкова остро. България трябва да престане да бъде „вилает на върховизми”, трябва да си помни историята, но да приеме сегашността. Така смята Младен, така мисля и аз. Животът е по-силен от нашите шовинизми – това отново е двуглас.
Сърбиновски пише не само за българите, но и за албанците, сърбите, власите. С обща молба към всичките:

 Помирение

 Той анализира етноси, но анализира и личности. Впечатляват редовете за Иван Михайлов. Дали е фашист? Не. Дали е соработник, сътрудник на фашистите? Да, отговаря Сърбиновски. Радко става такъв заради очакваното сбъдване на съня – независима, самостоятелна Македония, Швейцария на Балканите. Това е неговата опасна „закана” и до днес. И още една личност – съвременна. Оказва се, че академик Люпчо Коцарев е председател на Македонската академия на науките и уметностите, изкуствата. Дядо му или прадядо му, не съм сигурен кой точно, е кметът на Охрид, който събира от съгражданите си по килограм злато за войник, за да откупи от германците пленените 15 българи в края на Втората световна. От Коцареви има и убити, останалите лежат общо над 80 години в затвора Идризово. Разбирам и приемам моралното салто на академика, ако го е направил в името на помирението, ако не e паднал жертва на македонизма. Говори се, че го готвят за кандидат-президент, заключава Сърбиновски.
Време е и аз да приключа този малко протяжен увод. Ще завърша с цитат от Младен: „Все пак – главният показател накъде ще се движат балканските работи е разрешницата Украйна”. Разрешница – каква хубава българска дума, ние нямаме такава. 

 Недялко Бакалов, приятел, тълкувател, „преводач” на Младен Сърбиновски

Аутсајдерско гледиште

МАКЕДОНИЗМОТ И ВРХОВИЗМОТ ИЛИ КОЛЕКТИВНА КАТАРЗА ПРЕД НАШИ ОЧИ

Младен Србиновски*

Ајде, песни мои,
Да се дигнеме против ова море од глупости...
И против ова море од вулгарности...
И против ова море од имбецили 
Од сета оваа книжевна булумента.
Езра ПАУНД

Деновиве неизговорената стожерна мисла на сите со повдигнати емоции и по новинарските колумни и во Северна Македонија и во Бугарија заличува на бранење на “неодбранливото“. Што е “неодбранливото“? Безидејноста, главниот сојузник на омразата или шовинизам како државни политики. Надворешен непријател или наши внатрешни јанѕи? Да се обидеме најбитното, “неодбранливото“ или емотивното во нас што не’ уништува да го расчепкаме. Како и секогаш, не барам со мене да се сложувате.

1.
Пред повеќе од триесет години траурноста што се создаде и што ја ширеа македонските медиуми по веста за првото признавање на независност на република Македонија од страна на Бугарија, на независност од немајкаде е истото сегашно наше бучно разочарување и медиумско хистерично напинање од дигањето на бугарското вето за наш отворен пат кон ЕУ. Не, воопшто не е лесно да се откажеш од едно учење кое е инектирано во сите пори на нашиот општествен живот, особено што тоа на повластената удбашка национална заедница (и таа треба во уставот да влезе!) им носи големи бенефити со нивното далаверџиство дека тоа учење е проевропско, а всушност тие, а заедно со нив и целиот народ да ти сме биле тотални губитници на долги патеки со нашиот шовинизам, македонизмот. Македонија вака, како македонизмот да ја браневме, нам одамна Германија в плешки ќе ни гледаше. Не пред Владата и Собранието, на погрешна адреса се демонстрира. Пред институтите за историска и национална магла и пред МАНУ, институции и интелектуалци со фабричка грешка што ни изедоа триесет плус четириесет години, оние на списоци сами поименично што се потпишуваат, од нив треба да се бара одговор зашто вака и под вакви услови за наш влез во ЕУ се преговара и зашто тие ни подготвија ваква каша?
Да, со Договорот за пријателство со Бугарија на потег е Северна Македонија за исполнување на договореното. Но Бугарија е на потег со ненапишаниот договор за симнување на емотивната температура меѓу двете држави. Северна Македонија и Бугарија, а не само и овие две балкански држави, сите најпосле, ќе мораат да се фатат во костец со реалноста. Со сопствената непопустливост од простотилак, со своите јанѕи од мисловна закостенетост и безобразлак, или “неодбранливото“ од нас. Затоа е напишан овој текст.
Со дигањето на ветото, бугарската страна освен што реши на Северна Македонија да ѝ дозволи почеток на преговори, таа свесно самопотпиша дека се откажува од својот бугарски шовинизам, врховизмот, и сега откако истото го стори и Северна Македонија за исполнување на “идеите на Макрон“, и ние со свој потпис се согласивме дека ќе мора да се откажеме од својот шовинизам, македонизмот.
Трпение, молам, со ред. Тргаме со четврта брзина.

2.
Со не кој знае колкава, но редовна плата од скопскиот фармацевстки Алкалоид и неколку години работење секој викенд, еден наш работлив сосед го обнови делот од негоата убава селска куќа со добри темели и дебели и цврсти ѕидови какви што напуштени живеалишта се распаѓаат насекаде по нашите села. И сега, куќата изградена токму на почетокот на дваесеттиот век, со новите подови, санитарии, модерната кујна и трофазната струја е вистинско рурално монденско катче од дваесет и први век, дури делот од нивните многубројни братучеди, деленици, си останува и понатаму да е дом за птици. На нашиот сосед му остана уште стариот покрив да го смени, и летово, како што наумил, тоа ќе го стори. Наместо попусто да ги бара насекаде растурените фамилијарни деленици, за да го заштити својот дел, вели, ќе потроши уште некој денар повеќе и ќе го покрие со лим и нивниот дел. Малку поскапо, но со јазик на навладини организации би рекле, умно европско размислување за превентивна заштита на целокупната куќа. Но, нашиот работлив пријател кога би почнал освен на покривот, на своја рака и во другата деленица нешто да работи, тоа е веќе навлегување во туѓ имот, отаде куќната преграда. 
Нашата емотивна преграда со Бугарија е од 1944. А државна од 1878г.

3. 
Дури овие месеци се разорува Украина, повторно некој нѝ го продава во Битола, стариот трик со Иван Михаилов. Се дигна однапред пресметаната данданија, и како секогаш и за сенешто, малку суштински се кажа кој е Ванчо Михаилов кого во Бугарија последниве години го величаат и ни го пикаат нам под нос во Северна Македонија каде самото спомнување на неговото име овде значи спотнување на македонистички емоции. Да се обидеме да извлечеме неколку битни прашања за Михаилов, со прецизни, кратки одговори кои не би требало некому да му го сменат мислењето за “неговиот лик и дело“, колку што овие неколку реченици ќе можат да ни послужат како кус прирачник на емотивно самопомагање и самосовладување при читањето на македонско - бугарската општа историја. 
Зошто и од каде Иван Михаилов е пријател со Анте Павелиќ? Одговорот е: Анте Павелиќ е адвокатот, бранител на петнаесеттината скопски студенти на големиот Скопски студентски процес од 1927г., затскриван од сегашната наша македонистичка историја, судски процес со светски огласи, директната причина за подоцнежното политичко убиство на Велимир Прелиќ од Мара Бунева во 1928г. Ете затоа Ванчо Михаилов е примен од стариот пријател Павелиќ и се крие кај него од 1941 до 1945. Човекот четири години се крие кај Павелиќ во НДХ, само и само да не биде тогаш во Македонија. А можел овде победнички да дојде онака како што бугарската царска војска со цвеќе во Македонија што е пречекана во април 1941 г. Но Михаилов не доаѓа овде и да плукне во тогашната Голема Бугарија. Зошто? Затоа што бега од бугарскиот врховизам. Нејќе непотребно да прави додатни проблеми. Во Загреб, ете, зборувал за свои луѓе на припомош да прати на германските војски или на хрватските усташи, но тоа се само салонски вешти маневри за да се провлекува. Да сакал, ќе дојдел кај тие свои луѓе во Македонија. Кај нив доаѓа во Скопје по наредба на Хитлер во септември 1944г., со пропаѓањето на царска, профашистичка Бугарија, за тој да прави нова држава, Обединета Македонија. Доаѓа еден ден во Скопје колку да ја исполни наредбата. Се сретнува со неговите приврзаници, тогашните најугледните скопски граѓани во салата на народната банка, денешната нова зграда на телеком во центарот на Скопје и се враќа назад, рапортирајќи му на Хитлер дека нема можност за Независна Македонија.  

Дали е Иван Михаилов фашист? Не. Дали е соработник на фашистите? Да. Во мемоарите на Валтер Шеленбер, објавени уште осумдесеттите години и во Југославија. (Замислете што значи закон во демократски држави, Шеленберг не е суден, не се нашле за него обвинителни акти, за шефот на тајната полиција на Третиот рајх кој напишува подоцна и мемоари и во нив му посветува страница и пол и на Ванчо Михаилов). Онака, раскажувам по сеќавање, го опишува како одлучен човек подготвен на сенешто за Самостојна Македонија. Кое во дело, видовме, не го покажува. Тоа “сенешто“ го прави во пресметки до 1934., до суштествувањето на ВМРО. Во Втората светска војна, особено на крајот, есента 1944., тој е доволно свесен дека војната завршува и нејќе нови непотребни судири со синовите на своите приврзаници, појдени со партизаните. Неспорно, Ванчо Михаилов е голем дел од “вината“ што во Македонија под бугарска власт за време на Втората светска војна нема големи судири меѓу партизаните и бугарските војски. Ние, поинаку воспитани во социјализмот, кога ја учевме крвавата четиригодишна војна во Југославија, се компексиравме и овде што немало крвави офанзиви како во останатите републики.

Нема страница во мемоарите на Светозар Вукмановиќ Темпо, а тој да не вреска по нашите македонски партизани за слабото партизанското движење во Македонија и народот што не гледа голем непријател во бугарските власти.
Да одговориме и на најважното прашање, лесно за експлицирање како и претходните, тешко за проголтување. Зошто Ванчо Михаилов станува соработник на фашистите? Едноставно. На сите генерации пред него наши дејци од БМОРК, ВМОРО, ВМРО, не им ја даваат Големите сили како држава, Самостојна Македонија. Иронија на историјата е што Хитлер, по толкуте востанија и жртви, тој е тој што им го ветува остварувањето на сонот. И (скоро) сите Македонци “стануваат“ фашисти. Тоа е иронија на историјата која што понекогаш се поигрува со сите народи, во случајов поигрувајќи се со Иван Михаилов. Тој тоа побргу од сите го увидува, гледа што прави фашизмот, согледува дека е на губитничката страна и веќе видовме, по 1934г, од расформирањето на ВМРО па се до педесеттите години на минатиот век, тој игра по жица и спасува гол живот. 
Тогаш зошто толку е мразен во Македонија? Едноставно. Тој не се откажува од својата бугарска самосвест онака како што едно крило од ВМРО, федералистите, под коминтерновски влијанија прават расцеп во Организацијата, прифаќаат разни идеолошки погледи, некои и новиот идентитет и тие ги започнуваат меѓусебните убиства. Во кои политички пресметки крилото на Михаилов е поорганизирано, побрутално и од сите тие премрежија, излегува како “победник“. Одлуките на Иван Михаилов за тие меѓусебни пресметки стојат и тие се неодвоиви од гревовите на Алаксандар Протогеров. Со големото српско општествено влијание врз македонистите, со децении е нормално на Ванчо Михаилов така да гледаат, како што и денес се обидуваат да гледаат. Тие демонизирајќи го Михаилов и сега, преку него си го бранат својот воспримен македонизам, си ги бранат своите стекнати позиции. Бугарија сега наново преку негово форсирање пак сака да ни покаже дека македонистите пред војната биле една шепа, триста коминтерновци, комунисти на број, а скоро цел народ бил со бугарска самосвест.
Покрај сето до сега споменато, работите се електризираат најповеќе заради нерасчистените сметки лично со Михаилов. Не успеваат да го фатат ниту Караѓорѓевите власти против кои го организира атентатот на Александар, а не го уловуваат и титовите повоени власти. Десничар, конзервативец, македонски Б’лгарин, антикомунист кој стои зад политичките пресметки од широкиот спектар на негови непријатели, вешто се провлекува низ “македонските состојби“ и умира на длабока возраст во Италија. 
Жалното и обвинувачкото од кое сега се бега е што по Втората светска војна, од “своите браќа победници“, од тристата македонисти пропадува целото население. До денес што сакаат нивната единствена антиевропејска вистина да биде вечна. Да ја прошверцуваат за европејска.И не само денес и не само од Бугарија, од демократијата, од европските правила за наше зачленување во НАТО и ЕУ ни се бара на подруг начин да погледнеме на минатото, или најдиректно речено, на нивните наследници на власта кои цело време врескаат дека биле секогаш на правата страна на историјата, сега им се случи стапицата, “иронија на историјата“. Од секташкото тежнение во секој момент во секој сантиметар да бидат на правата страна, не помислувајќи ни на сон дека на крајот целосно ќе се најдат во тотално губитништво. 
Триста комунисти на број, по официјалната наша историографија, во тогашна Вардарска бановина пред војната, седум илјади на број, по војната, (во кралска Југославија 12 000 илјади пред војната, 80 000 илјади по војната), една не малцинска, туку минорна политичка групација на коминтерновчиња кои со сите расположиви средства и методи потоа ќе кине од целокупното “фашистичко“ етнички мешано население, со “морков или стап“ го принудува на новите правила на игра на идеологијата и иконографијата на новата вистина и реалност на “тристата“ и на тој антиевропски буразерски начин ќе ја управуваат социјалистичка Македонија во сколоп на Титова Југославија до денес. До европскиот “француски предлог“на Макрон исцизелиран од неговите советници професори на Сорбона. Тоа не значи дека не треба, треба и тоа како да им бидеме благодарни што таа секташка левичарска идеологија, (ги нарекуваат и србокомунисти, која што самите ги ликвидираат своите собраќа интернационалисти дојдени преку БКП, како Рацин, Шаторов, Пирузе, Полежина, Андреев, Марковски, Петрушевски, Шатев...) и точно е, тие се на страната на антихитлеровата коалиција и со нив влегуваме во групата победници по Втората светска војна. Па над глава сега нам не ни висат вечните правдања за народното “фашизирање“ преку ВМРО со Ванчо Михаилов. Тема за голем писателски залак, колку што умеев, го обработив во мојот роман Шашма.
Зошто Европа, Италија, НАТО, ЦИА, не им го даваат Иван Михаилов на југословенските власти? Затоа што Иван Михаилов покрај соработката со италијанските и германски фашисти, соработува и со многу, многу идеолошки различни државни и црковни моќници од негово време. Тој е извонредно вешт дипломат и организатор и дури несватливо е како добро ги посложува неспоивите идеолошки коцки во негова полза за преживување. Не испраќа ниеден свој човек на ниеден фронт против антихитлеровата коалиција, токму обратно, од неговото ВМРО веќе расформирано 1934г., неговиот поренешен партиски генерален секретар, “фашистот“ Владимир Куртев е еден од четворицата ќустендилчани, иницијатори на успешното спасување на бугарските Евреи, стрелан по војната од бугарските комунисти, денес славен од Израел како Праведник на светот. И што е најзагадочно, на Ванчо Михаилов со децении му е секретарка охриѓанката, сеуште жива, Вида Боева, која и сега, најнормално си доаѓа во Северна Македонија, а нејзиниот брат, Ѓорѓи Боев, универзитетски професор во Скопје, беше министер во владата на Никола Кљусев. 
Во Македонија е дури забрането да се читаат четирите томови Спомени на Иван Михаилов. Во нив многу сегашни “хистерични“ македонисти ќе си ги најдат своите дедовци како “фашисти“. 

 Денес делото Ванчо Михаилов во сите точки е мртово. Уставното уредување на Северна Македонија е единствената негова политички жива точка која што сеуште работи. И може само да нагаѓаме дали времето на Михаилов ќе му даде за право или ќе го дементира. Површните македонисти, со право денес велат зарем уставот секој понеделник ќе го отвораме? Така е. Опасната “закана“ од Иван Михаилов ни доаѓа од неговата интелектуална перцепција за најсоодветното политичко уредување на Македонија како Швајцарија на Балканот. И соодносот на меѓународниот фактор и политичките сили од граѓаните кои живеат овде, ако во таа идеја видат клуч и ѝ дадат право на живот, тогаш веќе ќе нема хорско емотивно врескање по неговото име. 
На Балканот и во Македонија, критичкото мислење сеуште е субверзивно и издајничко. Сите треба да сме свесни дека не’ чека соочување со вистината од општествено историските процеси што не’ довеле дотука и треба да помислиме на проветрување на шовинистичката застојана реа околу нас создадена од нашата простотија, безобразлук и мисловна инертност. Фашизам, па фашизам, тој толку тежок збор така лесно изустуван овде од нашите коминтерновски, македонистички усти. Па, цел народ бил “фашисти“. И Македонците организирани веќе со децениски континуитет во ВМРО и Албанците од Македонија поведени од Џемо Хаса. Само триста комунисти, коминтерновци ја започнале војната. Точно е, тие ја ставаат Македонија на победничката страна. Затоа, умно обмислено треба изведување на тоа идеолошко, граѓанско и меѓунационално помирување во денешна Северна Македонија. За наследниците на комунистите да знаат колку биле на број и како владееле по војната и како владеат и денес, за вмровците да знаат како прифатиле дел со Хитлер, за Албанците да се преиспитаат кој на која струја низ времето се приклонувале, за заедно преку новата европска емотивна и интелектуална ослободеност да пружиме едни на други рака и се погледнеме в очи.

4.
Лесно е со Франција или Англија. Биле демократии и кај нив лесно и безболно емотивно се определува: нападнати се во Втората светска војна од десен авторитаризам, фашизмот, го победуваат и повторно се демократски држави. Проблематичното е кај нас и не само кај нас; за турскиот период да не зборуваме, недемократската кралска Југославија е нападната од Хитлер, Македонија во Втората светска војна е под фашистичка Италија, фашистичкиот сојузник Голема Албанија и фашистичкиот сојузник Голема Бугарија, во војната сме со победничката антихитлерова коалиција, по војната под нов, лев авторитаризам, од 1991., наваму, уште се расправаме на што сме...
Но, така тргна оваа 2022. Со голема бука и бес при јубилејното сто и педесето февруарско одбележување на денот на раѓањето на Гоце Делчев и сеопштата врева од двете страни на Осогово во бранењето на своите “национални интереси“, нејќеме да погледнеме, или немаме визија да погледнеме кон долгата прочистувачка патека на помирувањето кон кое времето сосила не’ турка и кое што правовремено го увидоа и соодветно реагираа младите премиери Ковачевски и Петков.
Катаден со полни усти за божемно внатрешно и сеопшто помирување, а постојано работејќи на дозапетлеткување на македонскиот јазол, нашето клопче од препреден фанатизам во стутулени јанзи божем наша најголема болка што нејќе светот да ни ја разбере, врескаме и неуморно ги поткопуваме сите обиди за човечко и граѓанско зближување кога самото поклонение пред гробот на Делчев ја покажа насоката на идните потези кои се’ појасно во годините што идат, ги оцртуваат и етапите и тајмингот на патеката на помирувањето. Тоа е темата на овој текст. И восхитта кон умниот и достоен Денко Малески, секогаш и за сенешто што погодува во сржта, како и во ( “Асиметрична историја“, 28. 05. 2022), со зборовите: “...секој да си пишува што сака за себе и за другиот, а светот тоа автоматски да го прифаќа, состојба која е навреда за интелегенцијата на европската и светската научна елита и тоа би било можно само кога не би постоело нешто се вика научна вистина“. 

 Набрзина ќе дојде 13 јануари, денот кога Мара Бунева во центарот на Скопје го застрелува Велимир Прелиќ. Пак ли од Софија ќе дојдат сомнителните подрумски типови со децении што се изживуваат над Бунева и Прелиќ, наместо, најпосле, покрај Вардар, на посоченото место и време да се појави нашиот премиер Ковачески или претседателот Пендаровски. Само на тоа место на кобноста никој нема да ги иссвиркува. Свирежите на тој настан светкавично ќе им го дигнат рејтингот. Можат и сами, но поубаво ќе е тоа собитие да се одвива заедно со претставници на српската заедница од Македонија, а најубаво ќе е настанот ако се издигне и одбележи на меѓудржавно ниво, со некој демократски претставник и од српската и од бугарската политичка елита, да речеме како Борис Тадиќ или Иван Костов, и сите со по две цвеќиња в раце, едно за жртвата, едно за извршителот и со по две-три реченици за сеопшто помирување, дека најнеисплатливо е на лошо кога се реагира со лошо, многу нешто и на балкански план ќе се постигне.  
Тоа е следната стапка на нашето македонско самосоочување со себе и кон помирување по почетното изведено во Св. Спас. Ова се дејствија кои не чинат пари. И на секое место од нашите идеолошки или меѓунационални премрежија, само да се има добра воља, пожелно е да се појде. Ние почнавме да издигаме крстови кај ќе нѝ текне, а се лутиме Албанците божем скришно што направија дваесетметарски споменик за погинатите во конфликтот од 2001. и сами го промовираа. Требаше во Слупчане и наш, македонски човек да присуствува. 

 Секое место со цивилна жртва од вооружена групација е должност, почит и чесност да се посочува. Убаво е српски претставници да се поклонат за убиствата на илјади македонски цивили во Тиквешкото востание и на цивили Албанци и Македонци во Дебарското востание; ние, Македонците и Бугарите заедно со српска делегација да положиме цвеќа на убиените шестотини српски војници од четите на Александров кај Удово; наша и српска делегација да се поклонат на споменичкиот комплекс во Зајас... На траурни места низ мултиетничка Северна Македонија бесмислени се патриотски заколнувања и реферати и поклоненија од еднонационален карактер.
Раните кај семејствата од загинатите во 2001. сеуште се болни, но тоа не значи ние како општественост и на тие места и кај едни и кај други, заедно да не се поклониме. Ајде да се потсетиме, на сеуште неизладениот Кузман Капидан од Прличев во Сердарот како му се поклонуваат Албанците. 
Најмалку бранејќи го Џемо Хаса од Симница, сум го пишувал Џемо, тој ми е еден од главните ликови во романот “Приказни од Долна Земја“ на кого нему и на неговите поддржувачи сега им издигаат споменици. Во најбуквална смисла неписмен човек, без ниту едно завршено одделение на училиште, кој меѓу двете војни бил овчар и во нашето маало Маџо(в)и во Вруток, и во нашата стара семејна куќа, што знаел Џемо што е фашизам. Растен во опкружување презаситено од приказни за вечна нетолеранција со каурите ќафури и живеејќи во суровиот предвен режим на Караѓорѓева Југославија, скоро предодредено е Џемо да биде залажан и стане извршител на италијанските фашистички наредбодавци. И не е баш научно најчесно од сегашни историчари Албанци од Северна Македонија кои наместо да бараат рационални причини за неговите постапки, па и човечки определени простувања, се трудат да ги величаат неговите “јунаштини“, дејствувања во традицијата на албанските башибозуци. И токму затоа претставници од Албанците со Македонците треба да појдат на поклонение на некое од местата каде што Џемо со соработниците имаат окрвавено раце, како Беличица, Маврово, Мраморец...
Се разбира, како и за сенешто кога ќе се фатиме и немаме усул, не значи на секоја тумба со цвеќе за испразни говори да се искачуваме. Доволна е покажаната сочувстведност кон жртвата на Другиот и никогаш и никако небегање од злоделата на “нашите“. Помирување и само помирување. Постојано или дајма, што би рекле по гостиварски. Било кога и било каде. Врз точките на трусноста сила да изнајдеме и едни на други рака да си пуштиме. Едни на други в очи да си погледнеме од што ќе самонадраснуваме и низ добиената релаксираност полесно ќе тргнеме кон потребните сеопшти, тешки реформи што не’ чекаат. И од нас што се бараат. 
Голема работа би било кога помирувачки потфати би се организирале и меѓудржавно, да речеме, Македонија, Бугарија и Грција за некои трустни историски места и настани. Македонија, Албанија, Бугарија и Србија... Историската наука секако во тие новоотворени европски погледи би можела да даде прилог и за неа одлична можност да си ги измие рацете од сопствениот романтичарски калав национализам. 

Од тоа такво наше затуркување кон помирувањето како (северно)македонска, па и регионална стратегија, потоа полесно и бугарска државна делегација ќе може да дојде на тажното сеќавање на депортирањето на македонските Евреи... Бугарија можеби со право сега е недоверлива, но преку овие травматични меѓудржавни преговори и таа ќе треба, и за нив емотивно полезно ќе е над македонските трауми сама да се надрасне. Што дека секоја улица, секое училиште, секој општествен објект во Северна Македонија со значенско име од пред 1944. е со бугарски биографски карактер, што дека ја обновуваме Охридската архиепископија, а бегаме како, кога и од кого е основана; што дека имаме современо ВМРО, бренд на некогашните македонски Бугари кога сегашново ДПМНЕ е најблаго речено, колишевистичко здружение; што дека и во повоениот период со илјади македонски граѓани со бугарска самосвест се затворани и проследувани, што дека сите книги и милиони документи со кои се служиме, едно кажуваат, а ние цинично извртувајќи ги работите, “се губиме во преводот“ и хистеризираме, држава спасуваме, а уште кошулите на стап од сиромаштија што не ги ставивме од идеологијата која умислуваше е излез од проблемот, а се покажува на децениски патеки, создавач била на проблемите.
И Бугарија без предрасуди, без задршки, на сите места каде што бугарската “фашистичка гнасна рака“ оставила крвав траг не треба тие места да ги избегнува, онака како што педантно ги посетува и споменува личностите и местата на заедничката општост кои настани ние македонистите, од петни жили се трудиме да ги забошотуваме. 
Ако навистина на времето бугарските власти му го убиле дедо му на Ламбета Алабакоски, човекот што го запали бугарскиот културен центар во Битола, и нему и на неговото семејство нека му се извинат. Само на таков начин на врховизмот и македонизмот како шовинистички антиевропски стојалишта можат да им се одземаат “добитничките“ шеми на раскарувањето. 
И да ги почнеме преговорите, велат, најмалку ќе ни требале уште десетина години за да влеземе во ЕУ. Ама ако рабитиме, ако ги исполнуваме точка по точка реформските пемпелиња. 

За на крајот, паралелно со спроведените реформски определени задачи, пред нашето влегување во Обединета Европа, кога ќе бидат размонтирани македонизмот и врховизмот, слично на европејците како што го слават Девети мај денот на Европа, и ние откако ќе ја изодиме оваа жешка и долга емотивна патека на помирувањето, на 11 Октомври во Прилеп ќе може и би требало да дојде, во тогаш веќе дезидеологизираната и демакедонистизираната, европска Северна Македонија и бугарска државна деврховизирана делегација за знаковно закопување во градот под Маркукуле на некогаш започнатата идеолошка непомирливост на браќата близнаци на европскиот тоталитаризам на дваесеттиот век, фашизмот и комунизмот. Кои толку долго риеја по нашите сокаци. 

5. 
Венко Андоновски. Читајте внимателно. Еднаш, па уште еднаш. “Сега ќе приспособам веќе постоен текст од една важна книга која одеднаш остана без своја тема, без свое време (остана надвор од времето, како да нема историска гравитација). Станува збор за книгата “Зеницата на Македонија“, со поднаслов “Биографија на македонската светлина“, која ја напишавме јас и писателот Глигор Стојковски, и како целосно приватен проект, ја објавивме во 2007 година. Со помош на спонзори и со заеми, ја отпечативме оваа двојазична (македонско - англиска) луксузна колор - монографија и решивме да им ја понудиме на најрепрезентативните луѓе во државата... Монографијата доживеа две изданија и сигурен сум дека многумина европски и американски пратеници, комесари, медијатори, некогашни амбасадори во таа Македонија ја имаат уште во своите библиотеки, и покрај тоа што денес насловот звучи апокрифно по однос на Преспанскиот договор и најновите државни инсигнии. Тоа е иронија: сегашна Македонија ја изгуби својата зеница. Како е можно една книга од реално историско време да попадне некаде каде што низ неа веќе не тече време? Оваа книга постои, ене ја на полицата, а не важи. Како е можно тоа?“ (Нова Македонија, 19.4. 2022) 
Е, ова е и да плачеш и да се смееш. Кој му е виновен што пишува книги без зеница? Кој ни е виновен што имаме цели планини со неважечки книги вон времето и без гравитација? Океани од новински текстови и колумни без “без зеници“. Како е можно тоа, академиче? Toa e иронија (на историјата). Што ја дочека македонизмот.  
Во тој идеолошко историски простор на двата наши порази и на десна и на лева страна се појавува коровот - цвеќе над ѓубриштето на европската поделеност и тоа е нашето автентично горко искуство што не’ одделува од општобугарството, што нејќеме да го видиме и од кое нејќеме самосвојна литература и култура да правиме, наместо и понатаму да се залажуваме со македонизмот како победничка опција и беспотребно, на ќоро, без зеници и понатаму да лунѕаме, наместо прецизно естетски самоодредени, да погледнеме со свои зеници на своите изгореници за да престане иронијата на историјата од зад секој агол да нѝ се кикоти затоа што низ тој само естетски предел на самоослободеноста може да дојде нашата естетска победа како излез кон наша европска самосвест. Јас сум најдобриот пример естетски слободно како се чекори низ нашава неслобода, колку крваво тоа сум го плаќал лично е моја, бескрајна приказна. Сега да, статисфакцијата е голема и од поодамна многу ме забавуваат и само колку симпатични ми станаа развресканите чудовишта на македонизмот на кои Европа, најпосле, им дојде до ака. 

6. 
Кога да тргне дојденец од автобуската станица кон центарот на Софија, повеќе од сите градби и метрото, на бугарската столица посебен впечаток му дава безводниот празен канал со кој рамниот простор се брани од случувани поплави и од малку поголем дожд, по тоа многупати преживеано искуство ги терало местните управи од најстари времиња на суводолицата да ѝ прават корито на безводноста што го опашува градот кое со една обмислено внатрешна вековита опитност и визија, покажува како софиското поле се престорува во град, Сердика, Средец, Софија, со што и сегашниот урбис добива хармоничност и контемплативност од повисок ред. 
Балканските емоции се такви. Суводолица без корито. Бргу што пливнуваат. Визуелниов раскажан впечаток особено развиен е кај човеколиките суштества наречени писатели, со внатрешното насетување и копнеж суводолицата во себе постојано да ни е полноводна, а ние споулавено само да штракаме на тастатурите, свесни отпосле, откако многу нешто ќе нашкрабаме, ќе согледаме зад пливнатиот порив дека требало и занаетско корито на вообличувањето за надојдената пофта да не појде во нескакан правец. Впрочем и не е штета ако не сме успеале во намерите. Се’ е напишано и кажано одамна и од поумни, треба само да се биде искрен. 
Коритото на вековите и зближува и разделува: историски објаснети се и дефинирани поимите врховизам и македонизам, да не се навраќаме на нивните дефиниции, нивното панбугарство и нашето антибугарство, или отворен и подмолен, но вечен судир на големобугарство и србоманството; бугарскиот врховизам да не признава никаква посебност, деленичка преграда; (северно)македонскиот македонизам да не признава никаква општост. Врховизмот руши кај нас одвнатре, не почитувајќи го воспоставениот, меѓународно признаениот ред на две посебни семејства со два посебни влеза; македонизмот со децении манијачки рушејќи го европскиот свој покрив за некако да се тргне и не знае што уште да стори само да ја иссели својата деленица и преку седум мориња, само подалеку да е од Бугарија, за најпосле, разбирајќи дека може да останеме и без неа. Без својот дом.  
Она што нејќеме и пред себе да си го признаеме, јавно да го кажеме, макар што вистината создава непријатели. Тоа е и пишувањето. И само во таков случај пишувањето има смисла. Останатото напишано не е достојно и за споменување. Старата и добра Европа сеуште убаво детектира шовинизам, но штом посочи на нас, и ни ги става тие забелешки во документи, врескаме до небеси. Шовинизмот има плитка матка.
Ние со својот шовинизам водиме љубов, го сметаме за нормалност и национална гордост, неговата заштита ни е “национален“ интерес и сонуваме со нашиот шовинизам да го победиме противничкиот шовинизам. Само тоа е вистинска балканска победа. Секаков инаков победнички исход по европска логичка рационалност за нас е попуштање, пораз.
Бугарија кога ќе ја достаса контемплативноста и рационалноста од повисок ред ќе почне да ја радуваат реакциите на нашите нови македонски поколенија во кои се ставам со сета скромност и себе си, и тогаш тоа ќе значи дека старата, но сеуште на моменти емотивно па и интелектуално детинеста Бугарија најпосле возраснала. Тогаш ќе почнат да се воспоставуваат наши нови продлабочено човечки, европски односи на повисоко ниво. 

7.
Македонизмот, нашата државна идеологија, налегнат е и злоупотребува силен историски македонски регионализам развиен до свест за самостојност. Затоа и седумдесетина години во недемократски околности опстојуваше. Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се судбински определени со историјата и јазикот и не треба никакво посебно знаење штом во Бугарија секој трети или четврти граѓанин е со потекло од регионот Македонија за да се разбере што се случувало низ времето.
Во Северна Македонија прв пат новите најмлади генерации неоптоварени од минатото, несвесно му свртија грб на македонизмот со неговите шарени лаги, овде е најубаво и убаво ни беше и спонтано побараа бугарски пасоши. Реалноста под македонизмот во нашите домови нагледно на младите им покажа до кај стасаа нивните родители со спиење на тоа уво и не помагаа веќе никакви осуди и морални приказни на државно заштитените идеолошки клептократи; нашите деца водени од нивната потреба за излез од калта на животот во која ни виновни ни должни се најдоа или ги втурнавме, барајќи бугарски пасоши, бугарскиот врховизам најбезобразно ги злоупотребува. Резонот на ненавикнатата бугарска власт некој некогаш за фактор и неа да ја заесапи, бугарските бирократи почнаа да ги уценуваат и инстант Бугари од нив ќе прават. Да позлатуваат злато. Зедоа над сто илјади Македонци бугарски пасоши, како Бугари на формуларите таму им се пишуваат, како Бугари за врховистичките душегрижници на овдешниот попис не се попишуваат. А барањата по бугарски пасоши не стивнува...  
Животот е посилен од нашите шовинизми. И секој даден бугарски пасош било кому, и на Македонец и на Србин и на Албанец не е грешка. Голема работа и себап е на некоја млада душа да му помогнеш да може коренито да си го смени животот. Тоа никој и никогаш не го заборава. Доброто носи добро и на друг начин државата Бугарија од тие нејзини нови пријатели ќе чувствува добротија и благодарност. Која што бугарските кариеристи не ќе можат веднаш дневнополитички во свои успеси тоа да го вкнижат. 
Не за турбо музика и налудничаво будалеење, јас за други работи жалам за Југославија. Во таа држава републичката разновидност во еднопартизмот создаваше одредени слободи и спасуваше и слободномислечки и обични луѓе од безизлез. Замерени на своите републички моќници, многу луѓе работеа, објавуваа, снимаа, режираа или се селеа во друга република. 
Бугарија тоа не го разбра и не дозволи да биде акустичен резонатор кој ќе го руши меѓу нас “Берлинскиот“ ѕид. Слободно и демократски искажани заеднички проблеми и прашања што ќе одзвучат во двете држави. Полезна практика, сметам, и за односи меѓу други држави. Оној пат кога Бошнак од Босна не ќе може свој текст да објави во босански медиум, а тоа ќе може во Србија или Хрватска, тогаш ќе можат таму да речат спласнува нивната меѓудржавна и меѓунационална нетрпеливост.
Само на прв поглед навредливо за Бугарија, но македонистичките шовинисти барем за едно се во право кога за собраќата врховисти, велат, се однесуваат како хиени, само нешто пред нозе фрлено да гризнат, само на нешто пцовисано да налетаат, да приопштат. Да не можеш чесен, критички текст да напишеш за било каков проблем, ако не можеш овде, да можеш таму да го објавиш. Напиши нешто лошо, шириш говор на омраза, напиши нешто поаналитично, пак не им се допаѓа. Освен да им угодуваш.
Го читав пред некоја година на софиски БГНЕС интервјуто со нашиот председател, Пендаровски, најпријателско, најсрдечно, срцето им го дава на дланка и дури го читам, знам, пак отаде Осогово ќе се незадоволни. И уште дента започнаа: каза, ама не всичко каза, каза ама това да каза. Па, Пендаровски потоа ретерирал. Ќе ретерира. Нема од себе да дозволи да биде нова врховистичка жртва. И тој сака да добие уште еден председателски мандат. И заслужува. Добар, одличен председател имаме. Замислете во овие превирања да ни беше председател Горге Иванов.
Бугарија нејќе живи граѓани во Македонија, слободомислечки, чесни, напредни. Наш проблем е како ќе се чувствуваме. Таа сака мртви Бугари, маченици Бугари од Македонија. И му помагаат, му кумуваат на македонизмот со нивниот врховизам. Сакаат панихиди, не катарзични помирувања. Сакаат безсрамно да дрдорат над гробови по Македонија.   

 8. 
По потпишувањето на Договорот од Преспа, во (Северна) Македонија се создаде исклучително позитивна атмосвера дека, сепак, македонските исчекори се можни, тие месеци молчаливи беа и Србија и Албанија, на тоа треба да сме им благодарни, и врз тој бран на позитивна енергија Заев тргна да го распетлува и меѓудржавниот јазол со Бугарија. Но наместо финалниот успех тој да го ожнее, тој самиот стана бугарска врховистичка жртва.  
Немајќи храброст да се фати во костец со сегашноста, Бугарија болно историцистички се дави во историски документи. Да, општоисториски сме исти, с’шти со Бугарите, а сме многу блиски со Србите. И со Албанците не сме до толку далечни колку што сакаат да ни се претстават албанските политички партии. Но таа тема е за посебни текстови. Да, македонските историчари и јазичари фалсификуваат, го ракоа тоа многумина од Македонија. Да, македонстичкиот цинизам: нѝ се може и што ни можете, до скоро, до 2001г. беше македонистичко државно кочоперње, но и Бугарија друго како да не знае освен да меша хартии на вековите. 
Бугарија и Северна Македонија треба да го приопштуваат историски општото како славјанобугарство, или големата слика, и таа не треба да се фалсификува, така треба да се учи и именува, а Северна Македонија да си го ползува посебното како одржавотворен македонски регионализам и со кодифициран посебен македонски јазик. Дали е најсреќно кодифициран, дали намерно туркаме кон српскиот јазик за да се оддалечуваме од бугарскиот и сличните јазични прашања кога се поставуваат, не значи тоа е чин на непријателство. Такви дискусии за јазикот ги има насекаде. Европа со “францускиот предлог“ маестрално пресече: Бугарија ќе се “радува“ со историјата, а ќе жали за јазикот, а Северна Македонија ќе се радува со “чистиот“ македонски јазик, а ќе плаче од проширениот видик врз нашата општа славјаномакедонско бугарска историја.
Истото е и со црквата. Таков ќе биде и томосот од Вселенската патријаршија. Општоисториски, Охридската архиепископија е од времето на Првата Болгарија од Борис Први, но сегашната Охридска архиепископија е посебност, црква на Северна Македонија. Наместо по убавите вести од Вселенската патријаршија прво да им честитаат голема победа на верниците од Северна Македонија и искрено бугарската општественост да се радува што веќе православните тукашни верници не сме веќе верници шизматици, па дури потоа и со ситење нека речат, дека овој чин е воедно и голем, непоправлив удар врз македонизмот; но бугарските дустабанлиски умови без да можат да нијансираат, со нивната врховистичка нечувствителност не знаат друго одошто: Кубрат, курбрат, курбратовчед... Нејќат, а можеби и не ги бива да градат едно длабинско сеопфатно и модерно технолошко сознајно болгарство кое што облагородува и активира. Колку само химнично звучи оној аманет на прочуениот руски учен Дмитриј Лихачов до севкупната бугарска општественост за да не забораваат дека се континуитет и носители на најстарата жива современа култура која умно треба да ја надоградуваат и тој факел гордо да го префрлат во новиот милениум.

9. 
Бугарската страна ги имала документите, документите, документите, ќе не’ построеле и председателот на бугарската историска комисија, Ангел Димитров, како учителче од старо време ќе почнел педагошки да не’тегне за уши што сме бегале од часовите по историја.
Времето не работи за македонизмот но и за врховизмот. Во македонските медиуми сеуште се слуша дека Бугарија го слави 3 март, Санстефанскиот сон, затоа што во таа Санстефанска Бугарија се наоѓа и регионот Македонија. А, што да слават? Да плачат по петстотини години повторно, по трет пат што воскреснува бугарската држава, по поразот на Второто бугарско царство на Марица 1371. Географскиот регион Македонија е неодделив дел и од Првото и период и од Второто бугарско царство и логично е што се наоѓа во картата и на третото, од Сан Стефано. Ако баш толку Сан Стефано ни пречи, ајде ние македонистички, на инает на Бугарите, да го славиме Берлинскиот конгрес, 13 јули, со кој пак сме вратени под Турците.
Ние по Берлинскиот конгрес, над сто и педесет години остануваме надвор од границите на Бугарија, нашата судбина станува различна од онаа во ослободеното отечество, почнува долгиот пресуров период на пропагандите, востанијата и војните и оваа долга (не)завршена до денес наша над еден век и пол агонија, вака раскажана и не бега од историските факти. И стасуваме до кај што сме. Со свој посебен македонски сепаратизам, одвоени од општобугарството. До своја самостојна држава со државна идеологија на сепаратистите Пулески, Мисирков, Чупоски, Конески и сите нас останатите. Општоста како општо славјанобугарство е најстара европска државотворност, посебноста како македонистичко одржавотворување е најмладото.

Современа Бугарија е обликувана и рожба е на преродбата, ние сме рожба на пропагандите. Бугарија го миноризира македонскиот сепаратизам, ние во (Северна) Македонија го преувеличуваме. Ние извртено ја учиме општобугарската преродба која што тргнува од регионот Македонија, најромантичниот сон за повторно воскреснување по трет пат на бугарската држава, во која по Берлинскиот конгрес веќе го нема регионот Македонија, но извртено го учиме и одржавотворениот македонски македонистички сепаратизам. Од кого се сепарираме? Од Бугарија. Зошто се сепарираме? Заради нивниот шовинизам, врховизмот.     
Бугарија воено губи од Србија, а мирновременски од македонизмот. Но сега на еден, за Бугарија среќно успешен начин со “францускиот “ предлог за наше, на Северна Македонија отпочнување на преговорите со ЕУ, го пробија ѕидот на тој нивни магичен круг на поразите. Затоа им треба сега победничка мудрост што ја немаат, за избегнување на повторно нивно шовинистичко, врховистичко непотребно самовѕидување во него. За целосно излегување од тој магичен круг во кој се наоѓаа со децении, Бугарија (ако тоа навистина го прави Бугарија), нивниот приоритет не е испраќање на книги и лепенки во Северна Македонија; рековме, нивната задача се “ненапишаните“ потези кон нас и кон целиот Балкан за нивно, наше и сеопшто балканско поевропејчување.

Македонизмот воено изгуби од Албанците во 2001., со Охридскиот договор и политички изгуби, а со македонистичката судско-полициски заштитена корупција во повеќе од триесетгодишното владеење на двете македонски партии во македонската самостојност, од своите искрадени и осиромашени, изгубивме од Албанците и економски. Па сега наголемо не’ купуваат. На победниците Албанци редно е најотворено да им се честита, тоа во меѓусебни разговори го зборуваме, но таа лекција државниот македонизам ја нема совладано. Тој ден има побегнато од часови. Но македонизмот е бистро момче,  ќе ја совлада.
Осамостоената Македонија е наш проблем, успех, заложба и заради нас, заради нашето европеизирање и пограѓанчување ни е потребно критичко претресување на изминатото. И тоа беше и останува најпотребно, пред се’: како полесно нашиот владеачки болшевички македонизам да се пограѓанчи. Да стане одржавотворено граѓанско општомакедонство во осамостоена (Северна) Македонија. Или грубо уличарски, како македонистите или србоманите да станат државотворни србомани од 1944. Кое и Бугарија го признава. Можност со нашата коминтерновска свест да се пограѓанчиме. Ние и понатаму власт сакаме, а од европско пограѓанчување бегаме. Тоа е барање до нас од европската унија. Предлогот на Макрон. Моментно наша државна хистерија. Или наш интелектуален срам. Што нејќеме и досијеата да ги отвориме.
Сега ќе употребиме еден термин кој македонистичките колумноклепачи заборавија да го трошат. Релевантност. 
Распоредот на силите штом довеле македонистичкиот сепаратизам да се одржавотвори на Втори август 1944., со сите асномски документи тој наш второилинденски чин автоматски потпишува дека сме историски нерелевантен народ. И не помагаат дури и прагматични аргументи дека тоа и не е некоја огромна загуба, Американците се историски нерелевантна нација, па се најуспешна приказна. Нашиот антибугарски шовинизам, македонизмот, сака да бидеме и србомани и русофили и југословени без Југославија и со национални малцинства во околните држави и историски релевантни и демократи со затворање и следење на своите граѓани. Што е многу, многу е, па и од УДБА нека е. Тоа е нашето македонистичко немање усул.

Академската историска вистина по светот и до сега ова наше “ноо течение“ (Мисирков) не го дозволуваше, а од 2001г. наваму и со сите закони и Договори почна правно македонизмот и дома да се санкционира. Таа е судбината и со македонскиот јазик. И до Втори Август 1944., си зборуваме на овие, посебни македонски наречја, од Вториот Илинден едно од нив станува македонски службен јазик. По Охридскиот мировен договор во новиот устав имаме и втор службен јазик.
Мојот димотики македонски со јазична вековита длабочина распослан врз македонските наречја кои не се помлади од останатите општобугарски јазични наречја кои до 2 август 1944. се третираат и изучуваат во склоп на бугарската јазична наука, а сега од (северно)македонските јазичари, и мојот македонски не е моја македонистичка симулација каков што е шпиртосаниот иделогизиран македонски кој ме вџашува од книгите и медиумите дури го исчашуваат, наголемо почнувајќи и женските презимиња веќе да ни завршуваат на - ски. 
Мојот кодифициран македонски е дестилат на општодуховниот црквено словенски, старословенски (во Бугарија, а и многу научници го именуваат како старобугарски).  
Нема по двајца Кириловци и Методии, по двајца Клименти и Науми, светите седмочисленици не создале по две глаголици и кирилици, не превеле две Библии на два јазика, нема две Охридски архиепископии, нема две богомилски движења, една е средновековната стара Болгарија во чии гранични предели три и пол века е скоро целиот Балкан и пошироко, низ чии духовни синори преврива општоболгарството од кое сме и ние дел. Што како држава добиваме од овие работи што бегаме? Кого мислиме жедни преку вода ќе префрлиме? 
Со Охридската Архиепископија, покрстувањето и писменоста ако не емотивно, верско историски поврзани се и Албанците пред да го примат исламот, како и Србите, Црногорците, Хрватите, Италијанците, Бошнаците... И Власите.

9. 
За Власите. Во една реченица. Не мешајќи се во специјалистичките  проучувања за малата но многу влијателна заедница на древните наши соседи која што силно влијае во обликувањето на (северно)македонската општественост, Власите нас прв пат како словенско население не нарекуваат Македонци пред дваесетина години со почетокот на емитувањето на нивните емисии на влашки јазик на МРТ; за нив ние сме Вургури; најповеќето од нив во колективното паметење себе си се сметаат за наследници на античките Македонци и Византија и со грчко, елинско домашно воспитување кое што со векови како што им го определува начинот по кој се ориентираат кон нас најбројните во Македонија, ние дека им го имаме узурпирано овој нивен простор, така и нашата општобугарска преродба од турско време е антигрчка, антифанариотска, па од тие дамнешни процеси сега неинформираните граѓани се исчудуваат кога ќе чујат како, еве да речеме, познатите фотографи, браќата Манаки ги фотографираат комитите на ВМОРО, но им даваат нивни фотографии и на турските власти; во српското Власите се отворено прорежимски настроени, со доаѓањето на бугарските војски во војните на овие простори, од бугарските власти се проследувани, малтретирани и исселувани од нивните родни места, па и во Бугарија, а по Втората светска војна поприлично од нив се “истакнуваат“ во егзекуциите на пројавените дејци и интелектуалци од најбројното македонско население. 
Во новата и сеуште ненапишана историја, во лекцијата за Власите не треба да се прескокне овој момент. За да постигнеме доисплакнување на вистинити и измитологизирани анимозитети на минатото.  

10. 
Академикот Љупчо Коцарев. Ако работиме на малото, резултатите и при најсилно залагање ќе се минорни, ако го развиваме големото, резултатите ќе се’ само не минорни. Народот кога вели политичките сили да се пообединат, заборава дека долги децении обединувачкиот принцип на работа ни беше развивање на малото од нас. И за што и да се фатиме, в рака тој резултат што ни изгледал битен дострел, сега нѝ се топи и пропаѓа, а маката и незадоволството растат во нас. Имаме ли желба еднаш големото намасто да го тенчиме, поголемо да го направиме. Баш и не ми се верува.
Не ми се верува кога гледам како академик Љупчо Коцарев, моментно претседател на МАНУ, како самиот но и цела една екипа околу него неуморно како работат на негово политичко и човечко ветвење. И после ќе речеме, намаме луѓе. И немаме. Кога системски и од најголемите го форсираме малото како урнек за нивни тукашен успех. А може во случајов со академик Коцарев сето да се сврти на големо. Затоа што кај него е се’ големо. Само уште тој самиот и сите околу него да заиграат на него на големото.
Од стара легендарна семејна охридска лоза, едно од најизјавените наши егзархиски семејства кои оставиле неизбришлив траг во општественото македонско живеење, во долг период низ времето што давале комити, доктори, правници, адвокати, градоначалници кметови, универзитетски професори, биле жртви на ненеродните режими, за на крајот, народната повоена власт на република Македонија, нив, нашите буржоаско граѓански семејни никулци најсурово да ги сосече како македонски Болгари, па конкретно, некои од Коцаревите се убиени, а повеќемина Коцареви збирно во Идризово одлежуваат над осумдесет години затвор. 
Историчари во посериозни културни средини за ваквите семејства би правеле монографии, за нив би се пишувале романи и би се снимале филмови, кога одеднаш, еден нивен потомок, доскоро непознат за пошироката јавност, посветеникот во информатичките науки штом стана претседател на МАНУ, со изјавите и активностите покажа дека се префрлил на “победничката“ страна, на страната на потисниците на неговото семејство, станал горлив македонист. Голем успех на УДБА, голема кнедла во грлото на врховистичка Бугарија што не ги разбира или нејќе да ги разбере длабинските општествени тукашни процеси. Дека не е секогаш достаточно ако се имаат документите. Еве на дело спроведено и остварено тежнение од фамилиите на уништуваните како се создаваат поддржувачи на новата власт. Да, маштабен мрачен потфат, плиткоумно но смислено уништување на цело едно население. Најбројното. И еве сме уништени. 
Имам разбирање за моралното салто на претседателот на МАНУ. Наместо да изигрува жртва, да го чека, да го вози со кајче, да му запее некоја од Охридските трубадури и да се фотографира со секој дојден Ганчо од Бугарија на прошетка по “хубавијат“ Охрид за потоа таа фотографија како документ да им служи и да му ја удираат од нос; по интелигенција во ранг на најумните од Коцареви, Љупчо покажува неверојатна дарба за живот и пробивање, не помала од дарбата што ја има за наука; избира професија што нема допир со политиката, го прифаќа “морковот“ и над фамилијарниот бекграунд игра совршено по зададените правила на играта, професионално се докажува, поддржуван е, за најпсле, да го уфрлат на најистуреното, председателското место на МАНУ. 

Се зборува дека ќе биде иден председателски кандидат. И тоа е одлична идеја ако вака, отворено, со сите негови големи адути (а сите му се големи), брендот Коцареви на крајот да ѝ дадат на Северна Македонија и председател, симболичко и историско внатрешно наше прочистување кое би го подржале и Албанците, но и на надворешен план граѓанско самоускладување на кое Бугарија ќе може, ако е умна, неврховистички, демократски да се радува. 
Ова е принципот на политичко работење со Големото од академик Коцарев. Преку Коцарев и со Коцарев да се изведе нашето сеопшто и сеопфатно помирување. Сето друго со себе самиот Љупчо Коцарев што прави и со него што прават е само негово саморезилење и човечко пропаѓање,   крунски самиот потврдувајќи дека македонизмот е Идеологија посилна од животот. Каков само убав наслов за книга. Нели?  

11. 
Уметничкиот текст е најголемиот дострел на човековата дејност и колку е убав македонскиот звучен јазик судете и по оваа моја еклектичка натипканост. Со јазикот длабоко вкоренет во нас нешто битно штом се соопштува, жив текст од него се прави, и тој јазик е живовибрантен, спасен и заразен какви што сакам и сметам се и моите книги; јас го оживеав контролираниот и умртвен македонски збор, нашиов јазик го усвитив, ги одврзав травматичните шовинистички котолци во кои нашата литература е самовплеткана, ги доби изгубените зеници, со свои очи да гледа и од македонистичка идеолошка, со моите прозни страници нашата литература стана рабирлива, читлива и таа е мојата (сметам) и наша поетика, литература со свои зеници како засебна фиданка во пребогатото европско литературно семејство.  
Моите емоции и скромни расудувања поразлични се од емоциите и идеите на нашите изјавени предци, но имам почит и разбирање за нивните заложби, со нив не сум играл, не сум ги унакажувал, сум растел на подруга лево идеолошка литература, за потоа да се осознавам и критички да расудувам преку европска мисла, сето веќе одамна во мене слеано во едно и кај што во нашава средина се појавувале и се појавуваат идеолошки ѕидови и историски провалии, најхармонично ги прескокнувам како хумано нужни животодајни престапи. Не сум скромен, од народниот кожурец јас творечки ги извлекувам свилените македонски реченични нитки, моите романи се најубавата македонска напишана проза и дозволете ми да останам во мојата самозаблуда.
Незнам со другите македонски автори, но јас токму преку моите две - три преведени книги на бугарски можам да покажам како неразумно, пред се’ за себе постапува бугарската страна. Божем се сложуваат дека двата јазика ни се од истото древно јазично стебло, божем ќе се договориш, и од опасноста дека секогаш преводот губи од исказната сила, самиот сум им предлагал да не прават превод, само нека го “пречукаат“ текстот од “српска пишешта машина“ на “б’лгарска пишешта машина“, како што самите велат, и ќе добијат архаично постмодерен, разбирлив текст налик на умотворбите од Зборникот на Миладиновци. Но кога ќе го видиш потоа своето преведено од “региолект“, гледаш си добил бугарска чалга катаревуса. Се лутеа кога македонистите им ставаа преведувач, а кога самиот им велиш, не треба преведувач, “те преведуваат“. 

12. 
Сум ја повторил многу пати и заслужува пак да ја спомнам гачката за козата која што во лута зима се изгубила од стадото и веќе прежалена, во пролетта, снеговите кога почнале да се топат, таа се враќа и со јаре во своето (европско) стадо. Јас сум тоа јаре, ние сите народи, заедници, национални групи, како сакате именувајте ги, ние сите граѓани сме тие јариња со своја тукашна општа северномакедонска приказна. Националноста никој, никому не ја оспорува.
Секоја чест на знаењата и титулите, но длабинско денудирачки текстови, како текстов што го читате, од бугарска страна не сум прочитал. Ги нема скоро и кај нас. А, ни требаат. Од секаде. Од сите страни. По Аристотел и Фројд, колку што ги разбираме, доаѓањето до катарзата, до моментот на вистината е мачен чин од одбивање на соочување со себе. А општата катарза се одвива пред наши очи. “Го браниме неодбранливото“. Информативно да, се’ повеќе и повеќе луѓе во Северна Македонија ја разбираат општоста, големата слика, но како поглед на свет, вредности и емотивност, нови сме ластари, ново поколение со друга чувственост.
Со шовинизмот барем за една работа си начисто: никогаш не прави компромиси. Почне ли со компромиси, не е веќе шовинизам. Подглумува демократија. Како нашиве македонисти. И бугарските врховисти. Шовинист преку ноќ не станува демократ. Станува компромисер, предавник. Какви одвратни зборови од нивниот правоверен речник.  
Бегање од животот нема: како гледаме на работите, како едни на други се обраќаме, каде и да сме, тоа што го знаеме или тоа што се трудиме да го игнорираме, тоа излегува од нас. Понекогаш во шовинизам како природна состојба на нашата (не)свесна нормалност.    

13. 
Еластичен и бескраен, голем колку нашиот дух, тоа е бескрајниот простор кој се трудам да го дофатам, (кој знае колку успеав, макар што мислам јас ѝ го белам образот на оваа средина,) дух на одржавотворено општограѓанско северномакедонство, мој, (не знам дали и Ваш?) идентитет од повисок ред из’ртен во културното поле меѓу шовинизмите.
Под европскиот покрив како дијалектичка хармоничност од повисок ред, македонизмот и врховизмот ќе бидат приморани катарзично да се самопрочистат и самоослободат. Бугари, Албанци, Грци... не, демократијата на тоа тера. Авторитарниот македонизам да не бега од бремето на општоста, врховизмот да се помири со бремето на посебноста. 
Ова е мултиперспективниот поглед на македонско - бугарските релации, наместо продавање итроштини на мултиперспективен поглед како шовинистичка разрокост. Сами ја налеавме својата чаша со пелин, еве сами ја искапчуваме.

14. 
И крајното. Сегашната заложба на ДПМНЕ за Референдум. Српската популација во Северна Македонија е еден и пол насто и уште во воените деведесетти, секој зборуваше дека толкав мал број на популација не е во состојба да направи воен конфликт и во Македонија, и точно, Македонија бесконфликтно се извлече. Тогаш сеуште владееше шовинистичкиот период на СДСМ со Петар Гошев и Бранко Црвенковски и историски прочуени се шовинистичките постапки “бугарски летоци“ и секојдневните изјави на Тито Петковски во председателска трка со Борис Трајковски дека не му требаат гласови на Албанците за да стане претседател. И се разбира, не стана. Или постапката со цел памет на “демократот и патриот“, Петар Гошев, председател на СДСМ и мандатар, кој му го врати премиерскиот мандат на председателот Глигоров со, образложение дека тој како премиер на влада нема да дозволи ниту еден Албанец министер. И тогаш и сега, народот беше со ВМРО ДПМНЕ, а најголем дел од тоа раководство тогаш не беше за патриотски меѓунационални судири и Македонија “задоцни“ за меѓујугословенските пресметки. 
Но, веќе виденото, како по Втори август 1944., откако највидните интелектуалци ќе им конституираат држава, па еден по еден најсурово ќе бидат отстранети, истиот процес внатрешно се одвива во ВМРО ДПМНЕ. “Одненадеж“, се појавува Али Ахмети, а Љубчо Георгиевски, поддржан од МАНУ, почна да зборува за градење ѕидови со Албанците.
И се стасало до каде што се стасало. Руско-српската популација повторно сама не може да предизвикува проблеми. Но замаскирани зад заведените од ДПМНЕ, процентот од еден и пол насто поднараснува и референдумот им одлична можност да се пребројат колку точно проценти во Северна Македонија се бугаромрзачи и албаномразачи и какви работи со нив во иднина ќе можат да прават. Али Експрес во секој момент им стои на располагање. А и Каракачанов повторно би се раздрдорел. Времето за “бугарски летоци“, налепници, чкртаници сеуште трае.  
Сепак, главниот показател на каде ќе се движат балканските работи е разрешницата Украина.

*Младен Сърбиновски е един от най-известните македонски писатели и публицисти. Автор е на романите „Приказки от Долната земя“, „Шашма“ и „Роман за Майка Тереза“, последните два са издадени в България. У нас е отпечатана пиесата му „Македонският Фауст“, посветена на трагичната съдба на поета Венко Марковски, част от есетата му излязоха в сборника „За македонистките работи“. В електронен вариант може да бъде прочетена драмата му „Зидари на нощта“.
         Сърбиновски е роден през 1958 година в село Вруток, Гостиварско, край което извира река Вардар. Завършва социология, работи като журналист в Македонската телевизия. Когато страната се управлява от правителството на Любчо Георгиевски, писателят е назначен за директор на националната библиотека. Дълги години води предаването „Облаче ле бяло“ по телевизия СКАТ. Почетен доктор на Югозападния университет „Неофит Рилски“ в Благоевград.