5 Декември, 2025

Мерканье со очите или другият 3 март – празнуване в Скопие

Мерканье со очите или другият 3 март – празнуване в Скопие

Младен Сърбиновски, архив на Faktor.bg

Целата историја на српско-бугарските односи е бескрајно долг садомазохистички процес, или српско-бугарска садомазохистичка смртна прегратка од која немаме сили или нејќеме да се откинеме

Младен Сърбиновски*

Од сеопштото национално зреење што испукува преку нашите предходни поколенија и се вика Сан Стефано, денес сме ние само македонистички горки плодови од болната гранка на болгарското етничко стебло... 

И нема на друго место помоќна драма за катарзично самопреживување во самостојна Македонија од катагодишното чествување на Трети март во скопскиот хотел Александар Палас организирано од Бугарската амбасада. Од ништо, а од секаде, секој присутен на прославата го напипува и само од себе го потресува внатрешното неистрошливо јадро како внатрешно наше сонце низ очи едни на други дури зрачиме пријателство или омраза, ако веќе воопошто себе си и некому нешто сеуште значиме. Се бараме и редиме во полутемнина пред хотелскиот влез. Сигурно некако така избрканите од рајот изгледаат и се однесуваат дури ѓаволот што не не додавил се вртка околу нас. Оваа прослава е токму тоа. Годинешна официјална средба со џелатот. Свечена процесија на џелатите и жртвите исфрлени губитнички од историјата во ладна хотелска сала што ќе ја топлат со заедничкиот здив едни и други в грла што ги дави и препотува, мешајќи се со испарувањата од вкусните деликатеси на преполните софри... Можеби телата на заедничките предци се испружени по недогледните маси за да штрбнуваме со чепкалки како нафора и се

чукнуваме со чашите полни течно црвенило

Можеби ваквите прослави на останатите македонски етнички заедници се протоколарно поугладени и со поголема гламурозност. Секој ден зацртуваат и спроведуваат “мерки и активности“ и еднаш годишно славенички ракапитулираат колку откинале од живото ткиво на македонските Болгари. А своите македонистички специјалитети и тие мора да ги поставуваат врз бугарската милениумска државотворна софра: писменост, црква и политичко организирање, тоа бескрајно ги дразни и збеснува и ги тера на конспиративно работење. Прво против себе, а најмногу против вистината. 

Заради овие три толку силни и живи кристализирачки чворишта (Чеслав Милош) на македонските Болгари врз безобличното селанско општество на македонската територија, и што им недостасуваат низ вековите на останатите македонски етнички заедници, антибугарство им е деноноќна опсесија. Можат на целиот народ најжестоко да му всадуваат македонизам, при најголеми облаги и закани го денационализираат, но триножната бугарска идентификациска софра за сечие сервирање нерасклатливо си опстојува. 

Едната ногарка од нерасклатливата софра е болгарската и сесловенската писменост уште од Борисовата и Симеоновата држава, втората е црковната организираност низ вековите преку болгарската Охридска архиепископија, на тие две нозе чекори болгарскиот дух низ вековите за на крајот од ХIХ век, повторно народниот државотворен копнеж да се востанови и третата ногарка од

болгарската народна софра

како политичка вообличена идеја за независна Македонија преку БМОРК, ВМОРО, ВМРО.

Длабоко свесни за овој недостижен идентитетски државотворен багаж на македонските Бугари, покрај резултатите од зулумите на турското владеење, македонизмот како жестоко антибугарство за повеќе од век и половина иако ги разорува македонските Бугари, преку фалсификувањето на овие кристализирачки чворишта од цела редица третокласници од Пулески, Мисирков, Конески и останатите македонисти, се стигна до трагикомичната безизлезност за нови три идентификациски столбови во македонската почва. Скриената антибугарска сепаратистичкја линија на видело како официјална државна идеологија го зафати изведувањето на грандиозниот државен дебакал  “Скопје 2014“.  И помина малку време, и веќе си го видоа ефектот од сопственото антиевропејство преку сопствениот автогол заради кое сме ставени пред ѕид од ЕУ и НАТО за менување на името на нашата држава. 

Во утробата на салата како во мајчина утроба, на македонистичките едиповци од нашата близина садизмот им проработува и никаков надворешен гостин и гостинско око не е способен соодносно да го види, спореди и исчита ниту нашиот мазохизам, ниту македонистичкиот садизам од емотивните судари на нашите погледи со нивните...

На збунетиот бугарски амбасадор и исплашените без причина негови соработници убаво им доаѓа топлината од некоја енергија што не можат да определат од кај им доаѓа, гиликливо детски што ги засмева и тера непрестано да прават со многумина селфи. И пред да кликнат, одзади однекаде сетики некој од неколкумината каракачановци што се мафтаат низ салата ќе подаде глава. Само протоколарно дојдените албански гости нашите заморно емотивни енергии ги заобиколуваат и опуштено отсатни си подмезнуваат од вкусните деликатеси.

В крпче ни е врзано македонистичкото антибугарско обвинување дека

Трети март е великобугарски сон

„иако Сан Стефано е само индивидуален извик од грлото на нашиот предок, бугарскиот неколкувековен потисник за човечко самосоземање и долготрајно генерациско вежбање на гласот по европската музичка скала. Од македонизмот како антиевропска појава пар екселанс ни е строго забрането вежбање на европејството, а најмалку кон помислата за ослободителните плодови од Сан Стефано.

Србија во време на Сан Стефано е веќе три-четири децении слободна, а сеуште поробените Болгари од Ниш надолу наместо да бараат помош од Белград, се самоорганизираат за саможртва колку што знаат и колку што им дозволуваат приликите и пред нив ослободените северни и јужни соседи. Каков поголем аргумент за бугарската самосвест на нашите предци за сегашниве наши македонистички прокрустовци околу нас оѕверено што се врткаат.

Без Сан Стефано не би го имало ни Кресенското и Разловечкото востание, БМОРК, ВМОРО, ВМРО и првиот Илинден. Без односот на нашите предци кон Сан Стефано би ја немало ни самостојна Македонија. И покрај Берлинскиот конгрес, Сан Стефано ни е европскиот компас и второилинденските Асномски превратчии повеќе да го почитуваа, сега ќе ја немавме колективната главоболка да го менуваме името за пак некако, да сме што сме биле - европејци.

Да не беше тоа Санстефанско творечко самоослободување од македонизмот и од мојата скромност никогаш не ќе протечеше определено моја приказна и никогаш не ќе пропишев. И не треба да одам далеку, Сан Стефано и да не е историски датум и победнички топос од руско-турски фронт некаде таму далеку пред Цариград, преродбенството е случена колективна волја во срцата и сознанието на нашите неодамнешни предци, и сите запустени села и цркви од мојот гостиварски крај што сум ги шетал се градени и возобновувани токму во таа Санстефанска декада меѓу 1870 и 1880 г. Ниедна не е посветена на Св. Сава, а градската тетовска црква е Св. Кирил и Методиј. Знам дека истото е и низ Македонија, освен Небреговско црквиче Св. Сава за кое што Блаже Конески пееше “и со плеќи би го држел да не падне“, веројатно насила и отпосле преименувано на српскиот светец од вујко му Григорије Соколовиќ.

Наследството како бугарска симбиличка препознатливост

на македонската територија и далеку пред Сан Стефано и по Сан Стефано е врзувачкото симболичко јадро на веќе имагинарните македонски Бугари без нови големи општествено историски фигури, но по чија шаховска табла сеуште се игра во Македонија затоа што правилата им се најевропски. За Европа нема ништо спорно од Сан Стефано до првиот Илинден. Европски спорно е од Вториот Илинден наваму со неговите повоени, југословенски и сегашниве од назависна Македонија актери.

Љубопитно и незаборавно е да се присуствува и да им се ѕирка в очи на Санстефанските губитници кои што сепак собрале храброст да дојдат на Третомартовската вечер. Сеуште македонизмот нема изнајдено начин за освојување на нивниот живот со шепот. Погледот сето што им кажува, не се освојува, а останатото можеби е недостојно и за живот... 

За едни ден за празнување, за едиповците ден за доклади. Тие се професионалци. На работно место се и одработуваат за оние што триста и шеесет и пет дена не обработуваат. Ова им е гумното на родените за зло. Денот за мерки и игри со очите. За земање мерка од око. На ачик и пред сите. Одвреме на време и јас ги погледнувам, знаат дека им се плашам, со немоќта дека се бранам, не знаат со немоќта колку можам да издражам, тоа и јас незнам, а ги гледам заради нивниот свечен занес во лошото и в сон како што не би ги видел. Со рацете прекрстени пред себе и чест поглед во подот што ни се ниша повеќе од она в уши што ни надоаѓа отколку од забележаното... Небаре сме во преполна сала на сериозна музика во која што веќе нема слободни столчиња и замаено од на нозе следиме музичките крици на напакостеноста.

 Целата сала е огромен небаждарен кантар... и никој неупатен не може да го почувствува нашето непогрешливо меѓусебно премерување. Овде само правилата на омразата и презирот се вечни. Ова утре на куп го нема... За тоа и доаѓаме. В очи да се видиме. До каде заеднички сме стигнале во невратот. Некогаш од погледите на ситење им читав: ние сме пред невратот, сега пак моето премерување од око ми вели, и на ним им нема спас... Овде и да дојдеш, се знае зашто си дошол. И да не си дошол, се знае зашто те нема... 

На првите години од македонската независност доаѓаа многу македонисти на третомартовско дружење. Како врват годините,

 секој нов Трети март се помалку ги има

Најдобар доказ за таа една година колку допропаднал македонизмот. Заеднички колку сме клекнале. Лаги, лаги, лаги, од лагата белким нешто ќе остане. И остана. Нашиот сеопшт пораз. Испарува од нас живите препотени беспотребно во салата што не можеме со здив да ја стоплиме. Ние, македонските Бугари, Хунзи, Калаши, ендопи, славомакедонци, Македонци (со големо М), мнозинството од населението, како сакате наречете не... Ние губиме.

Од долгата полна маса како отворен колективен стомак на македонските Бугари, кружи околу рефлекторите дестилатот на омразата по кој седумдневно, двеасети и четири часа работи лудилото на македонистичките лузери. На македонистите, удбашите или србоманите, народот како што ги вика и што се врткаат околу нас, дури од глава не им излегува на кој начин да не купат. Со лошо или со арно. Се им стои на располагање. Врз нас, губитниците и во војна и во мир, до војната 2001. го правеа пресметливо, со лошо. Купуваш, вежбаш и низ манифестна посветеност како религиозност исповедаш едиповство во тебе дури не ти проработи до автоматизам. Прави и чини што повеќе против Бугарија и секој во Македонија што ја замразува, вратите на рајот му ги отвораат. Стануваш македонист. Како гордо тоа звучи. Од губитник во војна, прејдуваш меѓу избраните победници, во губитници во мир. Од мазохист во садист. Портата на премин од македонски Бугарин, од мазохист во македонистички садист е едиповството. Македонистичката воајеристичка клучалка. Едиповскиот тунел меѓу прејдените и непрејдените низ кого се гледаме. Тие нас како мазохисти во пеколот, ние нив во садистичкиот рај. Некого една година го гледаш до тебе, другата година се префрлил во перспективните и зенгините...

 Целата историја на српско-бугарските односи е бескрајно долг садомазохистички процес, или српско-бугарска садомазохистичка смртна прегратка од која немаме сили или нејќеме да се откинеме. Не можат да ни направат толку зло колку што можеме да издржиме, таа е нашата втора природа и заеднички да не пропаѓаме, на ваквите воспоставени односи и не би помислиле.

Протоколарно присутните Албанци не ги допира нашата будалеста игра со очите. Занесено загледани во некој нивни свет дури спокојно си мезат, околу нив од нас никого и не забележуваат...

Поразот е сето што претворивме од времињата и вековите компримирано кое бликнува како парастос за иднината што ја искоцкавме и испоганивме дошто од минатото дофативме дури боцнуваме од преполнетите софри со од пиле млеко. Софри на вековите од нашите испружени предци... Ни ги поставиле и наполниле. И ги нема... Штипкаме и џвакаме околу нив ние навртените и се чудиме како воопшто не се празнат. Македонистите не би биле македонисти да не пуштаат по некое влакно в јадење, но не можат софрата да ја згадат. Судбина. И на нив ова им е дедовина. И мезат и се смеат и мезат и ни се смеат. И мезиме и им се смееме...  Е, што стомачна работа треба за овие јадења во утрешни лајна да ги престориме...

   Се видовме и со тие што треба и со тие што не треба и најадени и поднапиени ја напуштаме. Третомартовската свеченост со чувство дека нешто под сјајот на канделабрите ни недостасуваше.

Притресувајќи се излезени во темнината, се потсопнуваме на нешто, веројатно на никогаш непотрошливиот збор, љубов, кој што не ни слета од светлината на канделабрите на рамена.

*Текстът, който предлагаме на вашето внимание, излиза в оригиналния си вид – така, както днес пишат македонските българи. Той е част от книгата на класика Младен Сърбиновски “Триумф на нищожността”, излязла в Охрид през 2019 година и явяваща се своеобразно продължение на предишния му сборник есета „Парчета нищожност”, видял бял свят в Скопие през далечната 1999-а. Творбата на Сърбиновски има две издания на български под заглавие „Македонизмът: триумфът на нищото”, отпечата ги Великотърновският университет „Св. св. Кирил и Методий”. 

Текстът за това как македонските българи празнуват своя Трети март и своя недосънуван санстефански сън, премервайки се с очи с дебнещите ги македонисти-полицайци, както обича да ги назовава Младен, е едновременно тъжен и оптимистичен: всичко е изгубено, освен вярата. 

Сподели:

Коментари (0)

Ленин, Троцки и „вредните насекоми“, изгонени с Философския парафод

Ленин, Троцки и „вредните насекоми“, изгонени с Философския парафод

От „червен подарък“ от САЩ до  Философския параход и прогонената от болшевишкия ад руска интелигенция

Never again - глад, съзнателно планиран и превърнат в геноцид

Never again - глад, съзнателно планиран и превърнат в геноцид

Русия е история на непрекъснатото насилие – злото търси злото, злото се обединява със злото

Проф. Веселин Янчев: Причините за Сръбско-българската война се коренят в Съединението, което пренарежда картата на Балканите

Проф. Веселин Янчев: Причините за Сръбско-българската война се коренят в Съединението, което пренарежда картата на Балканите

Край Сливница сърбите бяха разгромени от храбростта на българите и справедливата им кауза, от духа на нашата армия в тази истинска отечествена война на България